Дома Фудбал Лига на шампиони Реклама за фудбал на Бернабеу, шест гола и многу пресврти

Реклама за фудбал на Бернабеу, шест гола и многу пресврти

Два спектакуалрни натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампиони, но без победник во Мадрид и Лондон.

Реал Мадрид и Манчестер Сити одграат спектакуларен меч на „Сантиаго Бернабеу“ со шест гола, многу пресврти и со конечен резултат 3:3.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Гостите го замолкнаа „Сантиаго Бернабеу“ уште во третата минута кога Бернардо Силва од слободен удар го донесе Сити во водство.

Меѓутоа, Реал за само две минути, во 11-та и 13-та постигна два гола преку Камавинга и Родриго за целосен пресврт.

Во второто полувреме Сити доаѓа до пресврт со два фантастични гола од далечина на Фоуден и Гвардиол. Реал не се предаде и со голот на Валверде израмни на 3:3, па патникот во финалето ќе се решава на „Етихад“.

Во Лондон Арсенал и Баерн Минхен одиграа без победник 2:2.Арсенал одлично го започна мечот и поведе уште на стартот со голот на Сака, но потоа следуваа два гола на Баерн.

Најпрво Гнабри израмни на 1:1, а Хари Кејн беше прецизен од белата точка за целосен пресврт. Во вториот дел Тросард погоди за конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…