Дома Трансфер зона Ајакс прави реконструкција: Ќе менува половина тим!

Ајакс прави реконструкција: Ќе менува половина тим!

Холандскиот гигант Ајакс во јуни ќе смени речиси половина од тимот, бидејќи на трансфер листата ќе се најдат најмалку девет играчи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дури 9 од 13-те играчи кои минатото лето ги донесе спортскиот директор кој подоцна беше сменет Свен Мислинтат се на продажба. Станува збор за: Јосип Шутало, Борна Соса, Јаков Медиќ, Георги Микаутадзе, Карлос Форбс, Гастон Авила, Чуба Акпом, Бенџамин Тахировиќ и Антон Гаи, а од новите играчи на трансфер листата не се само Сиверт Мансверк, Диант Рама и Бранко ван Ден Бумен.

На крајот од минатата сезона Ајакс го загуби долгогодишниот капитен Душан Тадиќ, а резултатите сезонава се исклучително лоши. Клубот е далеку од врвот на табелата и има дури 29 бода помалку од лидерот ПСВ.

Ајакс беше елиминиран од холандскиот куп од третолигашот УСЦ Херкулес, а се уште е дел од Конференциската лига, каде по нерешениот резултат 0:0 на првиот натпревар во четврток, ќе го одигра реваншот од 1/16 финалето против Астон Вила во Бирмингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…