Дома Луд Спорт Сицилија е тоа: Тренерот дошол на тренинг со пушка и им се заканил на фудбалерите!

Сицилија е тоа: Тренерот дошол на тренинг со пушка и им се заканил на фудбалерите!

Поранешниот италијански репрезентативец Амаури после 11 години мочење откри шокантен детал од тренингот на Палермо пред натпреварот во УЕФА купот против Вест Хем 2006 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Никогаш нема да заборавам што се случи тој ден. Се спремавме за натпреварот против Вест Хем, а Гвидолин влезе во соблекувалната со пушка. Ја впери во сите нас и ни се закани дека ќе не убие ако не ги згазиме на терен“, раскажува Амаури.

„Неодамна се видов со Фабио Симплицио и се присетивме на тоа, убаво се смеевме. Меѓутоа, во тој момент воопшто не ни беше сеедно“, додава натурализираниот Италијанец.

„Тактиката“ на Гвидолин вродила со плод, Палермо го декласираше Вест Хем со 3:0 и се пласираше во следната рунда од натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ВАР судија се обложуваше среде натпревар📷

Скандалозна ситуациа пристигнува од Бугарија од натпреварот помеѓу ЦСКА и Локомотив Софија…