Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Имав 12 години за време на бомбардирањето. Се присетам кога слушнам огномет

Ѓоковиќ: Имав 12 години за време на бомбардирањето. Се присетам кога слушнам огномет

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ (36) даде интервју за австралискиот Канал 9, во кое разговараше со водителот Карл Стефановиќ.

Да потсетиме, Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на Австралија опен од Италијанецот Јаник Синер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Поминавме низ две војни, ембарго од 1992 до 1996 година, кога на ниту еден српски спортист не му беше дозволено да учествува на меѓународни натпревари.

Тоа беа предизвикувачки времиња, но ме закоравија. Лесно можев да отидам по друг пат, но судбината беше да се игра тенис и да се постигнат големи резултати“, рече Ѓоковиќ.

„Имав 12 години во времето кога имаше два и пол месеци непрекинато бомбардирање“

Тој додаде дека војната влијаела врз него, но не е сигурен колку. „Имав 12 години во времето кога имаше два и пол месеци непрекинато бомбардирање. Понекогаш се сеќавам на тоа, најчесто кога слушнам огномет бидејќи ме потсетува на експлозии на бомби. Не е пријатно, веројатно е траума. Но, да се вратам на прашањето… Да, мислам дека тоа има врска со фактот дека не се откажувам“, додаде тој.

„Има една изрека во Србија: можете да не убиете нас, нашето тело, но не и нашата душа. Верувам во тоа. Погледнете колку тенисери во историјата го постигнале она што јас го постигнав? Ова не го велам за да се пофалам, туку јас сакам да се потсетам и да сфатам што сум постигнал“, изјави српскиот тенисер, кој според многумина е најдобриот во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…