Дома Македонски спорт Бошко Заборски бара итна смена тренерот на сениорската карате репрезентација на Македонија

Бошко Заборски бара итна смена тренерот на сениорската карате репрезентација на Македонија

Карате клубот „Макпетрол“ реагира на настапот на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното Светско првенство во Будимпешта и прикажаните резултати, за кои директно го обвинува селекторот Александар Кузмановски и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби. Во продолжение пренесуваме дел од реакцијата на тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски.     

„Како клуб кој редовно партиципира во сите национални тимови и загрижени поради катастрофалниот лош настап на нашата репрезентација од последното светско првенство, се обраќаме до сите членови на ИО на КФРСМ и до сите карате клубови. По завршувањето на светското карате првенство за сениори во Будимпешта, не можеме, а да не посочиме на некои основни работи кои се погрешно поставени во КФРСМ и затоа во моментов немаме, а ако нешто не промениме, нема ни да имаме повеќе врвни сениорски спортски резултати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бараме одговорност за неуспешниот период на стагнација на сениорскиот тим и посочуваме дека резултати нема да имаме ако веднаш не се престроиме и направиме итно промени во водечкиот дел на тренерскиот и селекторскиот кадар, таканаречен стручен тим на КФРСМ, каде што предводници се селектори на сениорскиот тим и тимот помлади сениори (У21). Да напоменеме дека во тој стручен тим, во моментов не се вклучени најдобрите тренери и клубови, оние од кои во најголем број е составена репрезентацијата, а тоа се клубовите „Макпетрол“ – Скопје и „Штип“ – Штип.

Основниот проблем е што во КФРСМ во моментов имаме 75 регистрирани клубови, од кои еден дел воопшто не работат ништо, поголем дел работат детско или пионерско – кадетско карате и имаме многу мал број клубови кои работат натпреварувачко карате, на сериозни спортисти јуниори, помлади сениори и сениори. За селектори во КФРСМ се поставија и назначија тренери кои немаат постигнато никакви позначајни спортски резултати. Некои дури немаат ни спортски сали, има селектори кои немаат сопствен пионер кој бил државен првак. Ако сакаме да водиме и во иднина ваква политика, сениорски резултати едноставно нема да имаме.

Како најтрофеен клуб кој веќе 27 години редовно партиципира со спортисти во сите национални тимови и клуб кој работи натпреварувачко карате, сериозно сме загрижени по дебаклот и катастрофално лошиот настап и резултатски постигнувања на нашата репрезентација од светското и претходно одржаното европско сениорско првенство. Одговорност за лошите резултати претпоставуваме дека ќе се побара од селекторите кои го изработија планот и програмата. Овој пат тие тренери и селектори сами ги водеа подготовките и имаа максимална поддршка, како никогаш досега, од страна на ИО и клубовите и за таа намена се потрошија големи финансиски средства, а резултати нема.

Најважно од се е можеби тоа што репрезентативците имаа забележителен и очигледен пад на спортската форма, сите спортисти претходно беа многу добро подготвени, тие на контролните балкански и светски натпревари освоија високи пласмани и медали и демонстрираа многу добра форма. Кога репрезентацијата остана да работи самостојно, спортската форма која претходно се создаде и вроди резултати се сруши и спортистите на светското првенство не можеа да го дадат ни оптимумот кој секогаш го давале. Ако  репрезентацијата е составена од индивидуалци кои имаат повеќекратно освојувано европски и светски медали, се наметнува прашањето што се случи со репрезентацијата кога остана сама да се подготвува, зашто репрезентативците не беа доволно мотивирани сплотени и подготвени да направат поголеми резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…