Дома Фудбал Англија На четирикратниот шампион на Англија му се заканува згаснување. Сопственикот бара донации од навивачите

На четирикратниот шампион на Англија му се заканува згаснување. Сопственикот бара донации од навивачите

Националната даночна управа на Англија му даде рок на второлигашот Шефилд Венсдеј две недели да плати долг од два милиони фунти.

Доколку не ја исполни оваа обврска, на клубот му се закануваат санкции и како резултат на тоа затворање. Нејзиниот сопственик, тајландскиот бизнисмен Дејфон Чансири, тврди дека во касата нема доволно средства за покривање на толкава сума.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој реши јавно да ги повика навивачите да ја обезбедат таа сума:

“Ако 20 илјади луѓе соберат по 10 фунти – ќе ја достигнеме потребната сума и мислам дека можеме да го решиме проблемот со тоа.

Тие пари би ги покривале и даноците и платите и ако ќе го направиме тоа до 10 ноември, би можеле да избегнеме забрана за трансфери во следните три преодни рока.

Ако навивачите не разберат, не можам да помогнам. Тука сум девет години, клубот е дел од мојот живот и треба да разберете колку ми е важен“.

Чансири потекнува од семејство кое е едно од најбогатите во Тајланд и чие богатство се проценува на 575 милиони долари.

Шефилд Венсдеј минатата сезона го освои третото место во Лига 1 и преку плеј-офот избори промоција во Чемпионшип, вториот степен на англискиот фудбал.

Моментално е на последното место на табелата со шест освоени бода по 14 одиграни кола. Пред околу сто години, Шефилд Венсдеј четири пати стана англиски шампион (1903, 1904, 1929, 1930 година).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…