Дома Македонски спорт Мак фудбал Инциденти во Куманово: Навивачите од Арачиново тргнаа да се тепаат со домаќините 🎥

Инциденти во Куманово: Навивачите од Арачиново тргнаа да се тепаат со домаќините 🎥

Teжок инцидент се случи вчера на натпреварот од Третата лига – Север помеѓу Куманово и Шкендија Арачиново.

Натпреварот се играше во Доброшане, а откако домаќините го постигнаа вториот гол кој се покажа и како победнички настанаа инциденти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гостинските навивачи од Арачиново кој дојдоа да навиваат за својот тим, беа незадоволни што домаќините се радуваа на голот, па тргнаа да се пресметаат, но тогаш реагираше полицијата која успеа некако да воспостави контрола да не настане целосен хаос.

На теренот можеа да се забележат неофицијални лица кои бараа некаква правда, а најголемите проблеми се случуваа до теренот, каде што полицијата се обидуваше да спречи поголем хаос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…