Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски го објави скратениот список на ракометарки повикани за собир и настап на претстојните натпревари против репрезентациите на Азербејџан и Литванија во рамки на квалфикациите за Европското првенство 2024 година.
Европското првенство ќе се оддржи во три држави и тоа: Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28.11 – 15.12.2024 година.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.
На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.
Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10.2023 во СЦ Јане Сандански во мала сала со почеток во 18:00 часот, потоа на 15.10.2023 следи натпревар на гостински терен во Вилнус против репрезентацијата на Литванија со почеток во 15:00 часот во Arena Avia Solutions Group (ASG ARENA).
СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:
