Дома Македонски спорт Македонските одбојкари на 21. место по Европското првенство

Македонските одбојкари на 21. место по Европското првенство

Европската одбојкарска Конфедерација (ЦЕВ) го објави најновиот ранкинг на најдобрите машки одбојкарски репрезентации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија моментно е на 21 место со 105 бодови, колку што има и Летонија на 20 позиција.

Потсетување дека избраниците на селекторот Јошко Миленкоски неодамна го оствари најдобриот пласман на континенталните собири освојувајќи го 16 место.

На врвот е Италија со 379 бодови, Полска која го освои Европското првенство е на втората позиција со 350. Редоследно од третото до 10 место се наоѓаат Франција, Србија, Словенија, Холандија, Германија, Бугарија, Украина и Чешка.

Во женска конкуренција на ЦЕВ ранкинкот Македонија е на 33 позиција со 38 бодови.

На ранг листата на Светската федерација (ФИВБ) Македонија се наоѓа на 39 позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …