Дома Фудбал Англија Тен Хаг се жали на судењето во дербито: Немаше офсајд, имаше пенал за нас…

Тен Хаг се жали на судењето во дербито: Немаше офсајд, имаше пенал за нас…

Maнчестер Јунајтед вчера победи на „Емирати“, но на крајот беше поразен од Арсенал 3:1. Двата гола за победа избраниците на Артета ги постигнаа во финишот од натпреварот.

Во 86. минута кога се уште беше 1:1, Јунајтед постигна гол, но по реакција на ВАР истиот беше поништен. По натпреварот, Ерик Тен Хаг имаше замерки за судењето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека одигравме добро, но се беше против нас. Ако имавме малку повеќе среќа, ќе победевме. Голот кој го постигна Гарначо не беше офсајд, снимката се прикажа од погрешен агол. Исто така не добивме пенал направен врз Хојлуинд, потоа примивме гол кога претходно требаше да се досуди фаул врз Џони Еванс“, се пожали Тен Хаг.

И покрај поразот во играта на неговиот тим гледа напредок.

„Кога во прашање е нашата игра, гледам напредок, добро се браниме со висок и низок блок. Смирени сме и дефинитивно гледам простор да бидеме и подорби“, истакна холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одбиена првата понуда на Челси: Барселона ја одреди цената за Фермин Лопез

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ја одбила понудата од 50 милио…