Како и што се најавуваше Рома доби нов напаѓач, договор потпиша напаѓачот на Баер Леверкузен, Сардар Азмун.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иранецот потпиша договор до крајот на сезоната со опција да биде откупен од Баер Леверкузен.
Претходно Азмун го носеше дресот на Рубин Казан, а го носеше и прекарот „иранскиот Меси“, но во Германија не се снајде баш најдобро.
„Тешко е да се опишат емоциите кои ги чувствувам. Дојдов во еден од најпрестижниот клубови, и ќе ми биде сон да освојам титула со Рома. Минатата година имав шанси да играм на овој стадион и атмосферата беше одлична“, изјави Азмун.
Следен кој би требало да пристигне во Рим на позајмица е Ромелу Лукаку.