Продолжува поддршката за македонскиот спорт.
Развојот на спортскиот дух кај младите е една од главните цели на компанијата Mozzart, која овој пат беше спонзор на настанот Фудбал за сите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќе од 200 учесници се собраа во Крива Паланка и преку секојдневни игри и забава испратија порака дека рекреацијата и спортувањето се битен дел од секое растење.
Секретарот на општина Крива Паланка, Антонио Давитковски, потсети дека преку својата долгогодишна општествено одговорна работа, Mozzart секогаш помага на настани кои промовираат вистински вредности кај младите.
„Mozzart повеќе пати се покажа како сериозен партнер на општина Крива Паланка. Станува збор за компанија со висок степен на општествена одговорност, подготвена да помогне и поддржува различни спортски настани во секое време. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина“, рече Давитковски.
Лидерот во приредување игри на среќа долги години се обидува да го поддржи развојот на спортот во Македонија, преку бројни спонзорства, кампањата Нови дресови за нови шампиони, стипендии за таленти.
Продолжуваме со исто темпо, и со иста цел, да го развиваме спортскиот дух кај младите.