Поранешниот фудбалер на Тетекс и поранешен репрезентативец на Македонија, Филип Деспотовски, е нов тренер на тетовскиот клуб.
Ветеранот на македонски фудбалер доаѓа во ФК Тетекс да помогне да се остварат високите амбиции на клубот оваа сезона.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Деспотовски веќе го одржа првиот тренинг со фудбалерите на Тетекс, а на клупата ќе дебитира во сабота на дуелот против Осогово.
Деспотовски низ кариерата го носеше дресот на Напредок, Цементарница, Вардар, Работнички, Тетекс и Гостивар во Македонија, но настапуваше и во странство за ОФК Београд, Етникос, Ворскла, Интер Баку и други тимови.