Килијан Мбапе и неговата иднина и ова лето се една од главните теми во преодниот рок, Мбапе порача дека ќе остане во Париз, но дека нема намера да го продолжи договорот кој му завршува на крајот на новата сезона.
Таквата најава не им се допадна на луѓето во Париз, првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи му постави ултиматум на Французинот – продолжување на договорот или трансфер ова лето. ПСЖ не сака да го изгуби Мбапе наредното лето без оштета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така, ако Мбапе остане ќе добие и бонус за лојалјност од 60 милиони евра. Во јавноста се огласи и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Бернд Шустер кој му порача на Мбапе да не размислува и да оди во Реал Мадрид.
„Би го советувал Мбапе, да не чека и да замине веднаш во Реал Мадрид. Си ги троши најдобрите години во ПСЖ, трансферот во Реал за него би бил вистински потег, но мора да го направи што е можно побрзо. Мбапе мора да игра во една од најсилните три лиги, Франција не е во тоа друштво. Исто така, Реал токму сега има потреба од напаѓач кој би постигнувал 30 гола во сезона. Би бил изненаден ако трансферот не се случи набрзо“, смета Шустер.