Дома Фудбал Останато Ќе игра ли фудбал? Боксерски шампион потпиша договор со фудбалски клуб!

Ќе игра ли фудбал? Боксерски шампион потпиша договор со фудбалски клуб!

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Олександар Усик потпиша едногодишен договор со украинскиот фудбалски клуб, Полисја.

Усик е светски шампион во верзиите ВБО, ВБА и ИБФ. Минатата година за овој тим одигра пријателски натпревар влегувајќи од клупата, а сега потпиша договор за соработка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Претседателот на клубот и Олександар Усик постигнаа договор за фудбалска соработка во период од една година. Усик ќе го носи дресот со број 17“, стои во соопштението.

Клубот во соопштението истакна дека детали за тоа што ќе подрабзира таа „фудбалска соработка“ ќе биде објавено дополнително. Усик на 26-ти авгусат во Полска ќе ја брани титулата против предизвикувачот, Британецот Даниело Дубо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Европски гигант подготви понуда за Санчо, Англичанецот има нова голема шанса!

Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, на сите им е јасно дека Санчо ова …