Дома Трансфер зона Влаховиќ во проблеми поради политички пораки и фотографии: „Дојди во Париз, ќе ти отсечеме три прста“

Влаховиќ во проблеми поради политички пораки и фотографии: „Дојди во Париз, ќе ти отсечеме три прста“

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на прагот да потпише за ПСЖ, но се појави првиот проблем.

Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус, а се шпекулира дека со парискиот тим веќе договорил петгодишен договор вреден девет милиони евра по сезона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


ПСЖ во наредните денови ќе испрати официјална понуда за Србинот. Ќе изнесува 90 милиони евра со бонуси и таа бројка би требало да биде доволна за Бјанконерите да го продадат српскиот напаѓач.

Сепак, се појави првиот голем проблем. Имено, дел од навивачите на клубот од Париз се апсолутно против доведување на Влаховиќ.

Не им се допаднаа претходните политички пораки на Влаховиќ, поточно кога тој подигна три прста и се фотографираше, но носеше и маици со пораки за Косово кој беше прикажан како дел од Србија.

Тие објавија јасна парола пред стадионот во Париз.

Дојдете во Париз, ќе ви отсечеме три прсти“, напишале тие.

Јасно е дека пораката ќе стигне до Влаховиќ, но и до предводникот на ПСЖ, а целата зделка може да пропадне.

Влаховиќ пристигна од Фиорентина во јануари 2022 година за 80 милиони евра. Сепак, тој не продолжи со формата во која беше во дресот на Виола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Брајтон не го сака, а во Барселона е „вишок“: Дали овој клуб е наредна дестинација на Ансу Фати?

Ансу Фати нема да остане во Брајтон по едногодишна позајмица, но за него веројатно нема ме…