На денешен ден пред точно 25 години на Светското првенство во Франција во 1998 година се сретнаа Аргентина и Холандија.
Беше тоа судир на ѕвезди во кои на едната страна без Батистуа, Верон, Симеоне, а на другата Бергамп, Патрик Клајверт, Ван Дер Сар…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клајверт во 12-тата минута ја доведе Холандија во водство, а изедначо Клаудио Лопез пет минути подоцна. Кон крајот на натпреварот беше исклучен Артур Нуман, а подоцна поцрвене и Ариел Ортега, па се играше десет на десет.
Во 90-тата минута следуваше еден од најпознатите моменти во историјата на Мундијалите. Франк Де Бур со долга топка го пронајде Бергкам кој одлично се ослободи од својот чувар, „фрлајќи“ го натревата и го матираше голманот на Аргентинците.