Легендарниот фудбалер на Сараево, Вахидин Мусевиќ почина на 76 година од животот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мусемиќ со репрезентацијата на Југославија освои сребрен медал на Европското првенство во Рим во 1968 година, а неговиот помлад брат Хусреф беше фудбалер на Црвена Звезда, исто така и тој беше репрезентативец на Југославија.
За Сараево настапи на 293 натпревари и постигна 169 голови, а кариерата потоа ја продолжи во Ница каде што помина две години и за тоа време одигра 42 натпревари, постигнувајќи 19 голови.
Репрезентативец на Југославија беше од 1968 до 1970 година и на 17 натпревари постигна девет гола. Кариерата поради тешките повреди мораше да ја заврши на само 29 години.