Уште од трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср, Саудијците започнаа да го привлекуваат вниманието, а летово направија вистински „бум“ со понудите за европските фудбалери.
Во Саудиска Арабија покрај Роналдо веќе се Бензема и Канте, а блиску до реализација на трансферите се уште фудбалери како Зијеш, Брозовиќ, Кулибали…Имаше и такви фудбалери кои ги одбија милионите на оваа земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саудијците се обидуваат да доведат и фудбалери кои се во најдобрите фудбалски години, како Бернардо Силва, па на оваа тема се огласи и Џејми Карагер.
„Бернардо Силва е во најдобрите фудбалски години, а во последните пет години беше еден од најдобрите играчи во Европа. Не бев загрижен кога во саудиската лига почнаа да заминуваат играчи во 30-тите години или играчи кои се под елитното ниво, но ако се реализира овој трансфер на Силва, тогаш се се менува.
Саудијците го преземаа голфот, големите боксерски случувања, сега сакаат и фудбалот. Ова мора да се запре“, гласи пораката на Карагер кој во својата објави ги „тагна“ Премиер лигата и УЕФА.
Bernardo Silva is in his peak years & has been one of the best players in Europe for the last five years!
— Jamie Carragher (@Carra23) June 21, 2023
I wasn’t worried about the Saudi League taking players in their 30’s, a touch worried with players below the elite (Neves) but if this happens it feels like a game changer… https://t.co/hcDUbkGp30