Дома Фудбал Останато КЛ: Шкендија, Шкупи и Македонија Ѓ.П ги дознаа потенцијалните противници во второто квалификациско коло

КЛ: Шкендија, Шкупи и Македонија Ѓ.П ги дознаа потенцијалните противници во второто квалификациско коло

Откако Струга за потенцијален противник во второто квалификациско коло го доби турскиот гигант Галатасарај (ТУКА), во Нион се извлекоа и потенцијалните противници на Шкендија, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров кои се дел од квалификациите за Конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако Македонија Ѓорче Петров успее да ја помине РФС Рига од Летонија, тогаш ќе оди на двомеч со азербејџанскиот Сабах.

Шкендија која во првото коло игра против Хаверфордвест од Велс во второто квалификациско коло би играла против подобриот од дуелот помеѓу Б36 Торшван од Фарски Острови и Паиде од Летонија.

Најпознат противник за нашата јавност доби Шкупи, кој ако биде подобар од литванскиот Хегелман ќе игра против Левски од соседна Бугарија.

Натпреварите од второто коло во Конференциската лига се играат на 27-ми јули и 3-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На натпреварот меѓу САД и БиХ се случи една од најнеобичните ситуации во историјата на фудбалот (Фото)

Репрезентативецот на Соединетите Американски Држави, Фоларин Балогун, испиша една од најне…