Тренерот на Милан, Стефано Пиоли верува дека неговиот тим може да ја надомести негативата и да се пласира во финалето од ЛШ.
Милан во првиот меч загуби од градскиот ривал Интер со 2:0, но Пиоли тврди дека „росонерите“ се уште не го кажале конечниот збор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не е лесно да се подготвиме за утрешниот дуел, но имаме важна цел, а тоа е да победиме и да се пласираме во финалето од Лигата на шампиони, со што ќе ги изненадиме сите. Сега како никогаш претходно, никој не верува дека Милан може да игра во финалето, но јас сум убеден дека можеме да одиграме одличен натпревар“, истакна Пиоли.
„Очите на фудбалерите ми покажуваат дека се подготвени за многу подобро издание. Сакаат да се претстават многу подобро од првиот натпревар и да победат на реваншот. Никој не веруваме дека можеме да стигнеме и до тука, па ние сме во полуфинале“, додаде тренерот на Милан.