Фудбалерите на Рома ремизираа вчера против Монца со резултат 1:1, а по натпреварот бурно реагираше Жозе Мурињо.
Португалецот не беше задоволенд од однесувањето на судијата Даниеле Кифи за кого смета дека не беше смирен и дека немал се под контрола на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо по натпреварот откри и дека имал скриен микрофон за да се заштити.
„Не сум глупав, носев микрофон на натпреварот и снимав се, од моментот кога излегов од соблекувалната се до моментот додека се вратив. Морав да се заштитам.
Зборуваат дека никогаш не победуваме кога ни суди Даниеле Орсато, но попрво би сакал тој да беше вечерва, подобро го контролира натпревар. Кифи не е некој судија, единствениот талент е што брзо се лути што е спротивно од она што треба да биде еден судија“, изјави трофејниот стратег.
Во март, Мурињо влезе во конфликт со Марко Сера за кого тврдеше дека го навредувал. Португалецот бараше ауди снимка од судијата, но не ја доби, па очигледно сега ги земал работите во свои раце.