Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е на чекор да го освои своето прво Скудето откако е на чело на клубот.
Тој го „пецна“ Јувентус и истакна дека нивното Скудетото е чесно и дека требало да освојат повеќе титули, но биле спречени поради „нечесни работи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Понекогаш кога бевме втори, требаше да победиме. Се чувствувам како да сме освоиле повеќе титули, но најважно, ние ја имаме титулата за чесноста. Почнавме со овој циклус пред некое време, но потоа некои нерегуларности кои се повторуваа влијаеја и на нас. Нема почиста титула од оваа, како и сите наши претходни колку и да се“, изјави Де Лаурентис.