На социјалните мрежи се појави информација за голема измама во македонскиот фудбал.
На Фејсбук страната „Спортски удар“ е објавено за измама на натпреварот помеѓу Спортмани и Осогово во третата македонска фудбалска лига.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Измамата се открила кога морал да посети болница по завршувањето на натпреварот.
„Голманот на Спартмани од струмичко на мечот против Осогово играл под легитимација на име и презиме Јосиф Милчев, а всушност бил Филип Лазаров, играч каков што нема регистирано клубот.
По мечот истиот отишол во Итната помош каде се пожалил дека добил удар од непознато лице. Е токму овде се открил откако се преставил со правото име.
Како што јавуваат локалните медиуми истиот голман на “диво” во текот на мечот недолично се однесувал и кон противничките играчи, стручен штаб и навивачи, па чудо е што и не добил црвен картон кој го заслужил“, стои во објавата.
Исто така се додава дека ваква ситуација имало и на претходниот натпревар помеѓу овие две екипи.
„Интересно, и првиот меч кој го играа овие две екипи заврши со службена победа на Осогово откако гол постигна играч кој исто така беше фалш. И тогаш струмичани јавно се издадоa и тоа наивно откако стрелецот на голот со своето вистинско име се фалеше по социјалните мрежи дека дал гол“, стои објавата.