Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски задоволен после двете победи: Да ја задржиме оваа енергија

Милевски задоволен после двете победи: Да ја задржиме оваа енергија

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот со Фарски Острови истакна дека е задоволен од двете победи и сака истата оваа енергија да ја види во јуни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија денес се мачеше против Фарски Острови, но запиша две победи во само три дена.

„Ако подвлечеме линија после овие два натпревари, без разлика што овој денешниот беше пријателски, можам да бидам задоволен, пред се од пристапот на играчите, енергијата, желбата. Сето тоа прави една добра база за тоа што не очекува во јуни“, изјави Милевски.

„Не можеме да извлекуваме некои паралели и на она што било пред една година. И моменталната ситуација која ја имаат голем дел на фудбалери, не наликува на ситуацијата која ја имаа пред една година. Оваа енергија која не краси мораме да ја сочуваме и во јуни“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …