Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Вардар се вратиле проблемите: Фудбалерите ќе штрајкуваат?

Во Вардар се вратиле проблемите: Фудбалерите ќе штрајкуваат?

Никако Вардар да застане на стабилни нозе, откако едвај ја започнаа сезоната со „скрпен“ тим во последните моменти сега повторно доаѓаат истите проблеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неизвесно беше дали Вардар ќе го продолжи вториот дел од првенството во ВМФЛ, а сега откако го продолжи по само две кола се враќаат проблемите – нема пари! Долговите кон фудбалерите станале поголеми и фудбалерите заедно со стручниот штаб донеле одлука за штрајк.

За викендот „црвено-црните“ треба да играат со Детонит, но сега натпреварот е доведен под знак прашалник.

На табелата Вардар има ист број на бодови со Воска и Гостивар, меѓутоа јасно е дека во ваква ситуација вардарци тешко ќе останат конкуренти за враќање во ПМФЛ до крајот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос во една репрезентација: Јас повеќе нема да играм додека тој е селектор!

Централниот играч за врска на Вилјареал, Папе Гуеје, објави дека повеќе нема да игра за ре…