Дома Фудбал Италија Лацио во проблеми: Остана без Имобиле, а го чекаат тешки натпревари

Лацио во проблеми: Остана без Имобиле, а го чекаат тешки натпревари

Лацио го победи Сасуоло, но во овој триумф изгледа дека Маурицио Сари остана без Чиро Имобиле.

Имобиле се пожали на повреда и беше принудно заменет во првиот дел на гостувањето на Лацио, а деталните прегледи не донесоа голем оптимизам кај стручниот штаб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


 Според информациите повредата на Имобиле е од прв степен, па иако Лацио не ја прецизира должината на паузата се очекува Имобиле да биде отсутен две до три недели.

За Сари проблемот е уште поголем ако се знае дека во следниот период Лацио ќе игра против Милан, Фиорентина, Верона и Аталанта.

Од почетокот на сезоната Имобиле постигна осум гола на 18 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено: Нејмар сакал да ја заврши кариерата!

Бразилецот Нејмар сериозно размислувал да ја заврши кариерата во фудбалот поради сѐ почест…