Италијанскиот голгетер Чиро Имобиле дефинитивно заминува од Лацио и кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот со години беше миленик на навивачите на Лацио откако пристигна во римскиот клуб во 2016 година од редовите на Севиља.
Лацио летово прави еден ремонт на екипата, па така во клубот, но и самиот напаѓач сметаа дека е време за промена.
Бешикташ за 34-годишниот Имобиле ќе плати сума од три милиони евра на Лацио, додека фудбалерот во турскиот клуб ќе добива шест милиони евра годишно. Такап речки во реализацијата на трансферот нема и наскоро се би требало да биде официјализирано.