После вчерашното интервју кое го даде Кристиано Роналдо, јасно е дека тој повеќе нема иднина во Манчестер Јунајтед.
Португалецот сака да го напушти клубот уште во јануари, а како што стојат работите Манчестер Јунајтед ќе се согласи на спогодбено раскинување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според букмејкерите Роналдо најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Лондон, односно во дресот на Челзи.
Целата ситуација ја следи Челзи, кој сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“. Во летото Томас Тухел го стопира неговиот трансфер, но се чини дека сега нема никакви пречки.
Новиот сопственик на Челзи смета дека доаѓањето на Роналдо ќе биде одличен потег и веќе работи на трансферот.
Самиот Роналдо е спремен да прифати помала плата, бидејќи сака да замине од Јунајтед и да игра за топ клуб.