Дома Трансфер зона Тотенхем го официјализираше второто најскапо засилување во историјата

Тотенхем го официјализираше второто најскапо засилување во историјата

Тотенхем и официјално го објави трансферот на Ричарлисон, за кого на Евертон му плати 50 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони како бонуси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така Бразилецот стана второто најскапо засилување во историјата на лондонскиот клуб, после Ндомбеле за кого клубот своевремено плати 63 милиони фунти.

Ричарлисон вчера ги мина лекарските прегледи во Бразил и стави потпис на 5-годишен договор, а следната недела ќе му се придружи на тимот и ќе ги започне подготовките.

Бразилецот е четврто засилување за тимот на Конте ова лето после Перишиќ, Фрејзер Фостер и Бусума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…