Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе ќе биде ставен на трансфер пазарот, пренесуваат француските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството веќе му порачало дека може да си бара нов клуб, а ПСЖ очекува за неговиот потпис да добие 50 милиони евра.
Најсилен интерес за него покажува Јувентус, кој во Кимпембе гледа идеална замена за Де Лихт, кој е на излезна врата.




Ова ќе биде првата изненадувачка одлука на новиот директор Луис Кампос, бидејќи Кимпембе е дете на клубот и еден од капитените.




ПСЖ е во напредни преговори со Интер за трансфер на Милан Скриниар, па „светците“ сметаат дека за Кимпембе повеќе нема да има место во тимот.
Покрај Јувентус интерес за Французинот покажуваат и некои клубови од Премиер лигата.