Поранешниот турски репрезентативец Окан Бурук е избран за нов тренер на Галатасарај.
Со турскиот гигант Бурук потпиша договор на две години соопшти гигантот од Истанбул. Во Галатасарај по заминувањето на Фатих Терим во јануари екипата ја водеше шпанскиот стратег Доменек Торент кој беше и помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак и со него на клупата резултатите на тимот не беа подобри. Тимот кој зад себе има рекордни 22 титули во домашното првенство падна на 13-место во првенството што за нив е најлош пласман во историјата.
Бурук во кариерата како тренер го предводеше Башакшехир до првата шампионска титула во 2020 година. Додека беше играч за турскиот национален тим настапи на 56 натпревари и во Галатасарај помина 12 години, во 2000 година го освои Купот на УЕФА.
✍️ #WelcomeHomeOkanBuruk 🦁 pic.twitter.com/TTLrmjVPCD
— Galatasaray EN (@Galatasaray) June 23, 2022