Дома Трансфер зона Михтарјан пред трансфер во Интер

Михтарјан пред трансфер во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер го договорил првото засилување за следната сезона, а станува збор за Хенрих Михтарјан.

„Калчомеркато“ пренесува дека Интер постигнал договор со Михтарјан, чиј договор со Рома истекува ова лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


33-годишниот Ерменец не можеше да се договори со „волчицата“, па Интер ја искористи таквата ситуација и ќе го доведе на „Џузепе Меаца“ без обештетување.

Михтарјан бараше двегодишен договор и плата од 3 милиони евра по сезона, па Интер ги задоволи неговите барања и во наредните денови играчот ќе пристигне на лекарски прегледи во Милано.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и ова лето главно ќе носат засилувања без обештетување, а во наредните денови се очекува да биде потврден трнаферот и на Пауло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…