Дома Останати Кошарка НБА Не помогна и Дончиќ со дабл-дабл, Феникс ја врати предноста против Далас 🎥

Не помогна и Дончиќ со дабл-дабл, Феникс ја врати предноста против Далас 🎥

Домаќините беа поуспешни во изминатата вечер во НБА лигата.

Феникс Санс со убедлива победа против Далас од 110:80 ја врати предноста во серијата и сега водат со 3:0. Тимот од Аризона беше предводен од Букер со 28 и Ејтон со 20 поени. Лука Дончиќ на спротивната страна го заврши натпреварот со дабл-дабл од 28 поени и 11 скокови, Брансон додаде 21 поен, но шутот на Далас беше околу 38% и така не може да се победи вака силен противник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што Девин Букер во 30-тиот плеј-оф натпревар уфрли 800 поени, на само 18 играчи во историјата им успеало вакво нешто. Во овој век во ова одбрано друштво се Леброн, Ти-Мек, Винс Картер, Ален Ајверсон, Ентони Дејвис и Донован Мичел.

Мајами и одржа лекција на Филаделфија победувајќи ја со 120:85 за исто така водство од 3:2. Овие 35 разлика се втора најубедлива победа во историјатан а хит во плеј-офот.  Домаќинот ја уништи одбраната на ривалот, нападот го предводеше Батлер со 23 поен, Макс Штрус додаде 19 поени и 10 скокови. Го запреа Ембид на 17, Харден на 14…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…