Тренерот на Барселона, Чави Хернандез е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона.
Новинарот Хозе Алварез во ТВ емисијата „Чирингито“ откри дека Барселона е заинтересирана да го врати Луис Суарез во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уругваецот има легендарен статус на „Камп Ноу“, но пред две години буквално беше избркан од Барселона кога пристигна Куман.
Суарез минатата сезона одигра клучна улога во освојувањето на титулата на Атлетико Мадрид, а Чави сака да го врати на „Камп Ноу“.
Со оглед на потешкотиити клубот да ги доведе Левандовски или Халанд, сметаат дека Суарез би бил одлична опција за една сезона бидејќи се уште може да игра на врвно ниво и одлично го познава клубот.
Суарез бил подготвен да се врати во Барселона дури и за помала плата од онаа што ја има во Атлетико.