Дома Трансфер зона Чави ја сака ѕвездата на Наполи

Чави ја сака ѕвездата на Наполи

Барселона спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесуваат италијанските меидуми.

Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на Пике и Ленгле е неизвесна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кулибали е на врвот на листата желби на Чави,  па Каталонците сакаат да му ја исполнат желбата.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.

Тој на лето влегува во последната година од договорот, па ако не стави потпис на нов договор Наполи ќе мора да го продаде.

Каталонците стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што побрзо да постигнат договор за да испратат понуда до Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…