Дома Фудбал Италија Матија Перин го продолжи договорот со Јувентус

Матија Перин го продолжи договорот со Јувентус

Резервниот голман на Јувентус, Матија Перин го продолжи договорот со „старата дама“ до 2025 година, потврди гигантот од Торино.

Перин поретко добиваше шанса на голот оваа сезона затоа што Алегри довербата му ја даде на Војчех Шчесни, а италијанскиот голман важи за еден од омилените ликови во клубот, па и за очекување беше да продолжи соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Член на Јувентус Перин е од 2018 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Џенова.

Јувентус при продолжувањето на договорот со Перин на официјалниот сајт истакна дека голманот остварил дури осум „чисти“ мрежи на 17 натпревари сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крос не може да молчи, па нападна младата ѕвезда: Одиш таму само за да им земаш пари две години

Тони Кроос одамна е во пензија, но легендарниот Германец, се разбира, е постојано со фудба…