После дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотененхем новинарите на Спорт Клуб кои беа на лице место имаа можност да разговараат со шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новинарот на балканската телевизија го почна интервјуто на хрватски јазик со надеж дека Кулушевски ќе го разбере и можеби ќе му одговори на македонски јазик, со оглед дека потекнува од Македонија.
Меѓутоа, Кулушевски одби да зборува на македонски и замоли да го даде интервјуто на англиски јазик.
Инаку Кулушевски има девет настапи за македонската репрезентација до 16 години, и добро го зборува македонскиот јазик.