Англиските медиуми пренесуваат дека Нголо Канте на лето би можел да го напушти Челзи.
Раководството на Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
30-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.
Голема желба на „сините“ е ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, кој оваа сезона игра фантастично и е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.
Токму поради тоа Челзи е спремен да го продаде Канте и со тоа да го финансира трансферот на Рајс, бидејќи Вест Хем за неговата слобода бараат 100 милиони евра.