Во последните неколку години, европските кошаркари го преземаат приматот во најсилната кошаркарска лига. Минатите три години титулата за МВП заврши кај Европјаните, и тоа двапати по ред кај Јанис Адетокумпо, додека еднаш кај Никола Јокиќ.
Претходно Дирк Новицки стана прв и единствен европски кошаркар кој ја добил наградата, и тоа во далечната 2007 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секоја година доаѓаат сè повеќе европски кошаркари во НБА-лигата, па така и нивната улога се зголемува, а сега имаме кошаркари како Лука Дончиќ, Руди Гобер, Бојан Богдановиќ, Јокиќ, Адетокумпо кои би ја формирале најсилната петорка на Европа.
Американците ги бираа Стеф Кари, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Ентони Дејвис, па се поставува прашањето кој тим би бил посилен во НБА-лигата.