Дома Фудбал Англија Рагник за Лук Шо: Тој не е играч за Манчестер Јунајтед

Рагник за Лук Шо: Тој не е играч за Манчестер Јунајтед

Како што стојат работите Ралф Рагник (63) ќе стане новиот тренер на Манчестер Јунајтед.

Според најавите Рагник со Манчестер Јунајтед постигнал договор на шест месеци со можност истиот да се продолжи во наредните две години. Веднаш по објавувањето на оваа информација во јавноста се потсети на изјавата на Рагник минатата година за Лук Шо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рагник во тој разговор зборува дека Лук Шо според него не е играч за Јунајтед.

„Мислам дека им е потребен лев бек. Знам дека го имаат Лук Шо, но не сум сигурен дека тој е на нивото на кое треба да биде за да игра за клуб каков што е Манчестер Јунајтед“, зборува Рагник.

Шо е член на Манчестер Јунајтед од 2014 година и за „црвените ѓаволи“ одигра 201 натпревар и постигна три гола. Рагник би требало во клубот да пристигне наредната недела, дебито би можел да го има против Арсенал. Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата со Шо и со останатите во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кубарси потпишува нов договор со астрономска откупна клаузула

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси наскоро ќе потпише нов договор со клубот со астр…