Дома Топ вести Рома започнала преговори: Мурињо го сака Алиоски!

Рома започнала преговори: Мурињо го сака Алиоски!

Договорот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски со Лидс заврши и сега се чека да се види каде, Џани ќе ја продолжи кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лидс го напушта како слбоден играч, па новиот клуб нема да треба да плаќа оштета. Најмногу Алиоски се поврзуваше со трансфер во Турција, во игра беа екипите на Галатасарај, Фенербахче и Трабзон. Меѓутоа изгледа како интересот од таму да опаѓа, барем според она што се пишува.

Денес италијанските новинари објавија дека Алиоски може да направи трансфер кај Жозе Мурињо во Рома. Наводно, преговорите со македонскиот репрезентативец се веќе започнати.

Според информациите Мурињо го сака Џани како замена за Леонардо Спинацола кој заработи тешка повреда на Европското првенство.

Ќе биде интересно да се следи ситуацијата, за Алиоски сигурно би било посебно да соработува со Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…