Екипата на Рома денес официјално потврди дека Грегори Дефрел е ново засилување на клубот од „Олимпико“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 26 годишен француски напаѓач во Рома пристигнува од Сасуоло на позајмица до крајот на оваа сезона, а клубот од Рим има обврска да го откупи неговиот договор наредното лето. Рома за позајмицата на Сасуоло ќе му исплати пет милиони евра, додека за откупот дополнителни 15 милиони.
„Нашиот клуб со задоволство сака да соопшти дека Дефрел е нов фудбалер на Рома тој уште еден ќе се приклучи на екипата во САД.
Дефрел за Сасуоло одигра 73 натпревари и постигна 23 погодоци. Францускиот напаѓач ќе во Рим ќе има тешка задача бидејќи за место во нападот ќе се бори со Един Џеко.