Дома Фудбал Италија Никој никогаш не потрошил колку новиот газда на Милан!

Никој никогаш не потрошил колку новиот газда на Милан!

Бројките од кои паметот запира – како трошеа премногу богатите сопственици во својата прва сезона и како Милан стои на вечната листа на тимови кои потрошија најмногу пари во еден трансфер период.

„Отворивме ново поглавје во историјата на Милан, сега сме подготвени да направиме нешто големо“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Со овие зборови на италијанската фудбалска јавност, а особено на навивачите на Милан, се претстави новиот прв човек Јохгхонг Ли, на чело на пребогатиот кинески конзорциум кој „Росонерите“ ги воведе во една нова ера. Она што го изговори на претставувањетро во април, во дело го претвори неколку месеци подоцна.

Милан во овој транфер период троши лудо и веќе потроши околу 210 милиони евра на десет засилувања, што на „Сан Сиро“ ја врати вербата за враќањето на големата сцена во европскиот фудбал.

Се она што се случува во Милан овие денови се одработува на секакви можни начини – од тоа кого клубот сака да ангажира, кој напаѓач ќе биде шлагот на тортата, за тоа како бесниот настап на транфер пазарот нема да има негативни последици, барем до следното лето. Сега се оди чекор понатаму, па се споредува како ефект има Јохгхонг Ли во споредба со останатите кинески милијардери, руските тајкуни, американските инвеститори и арапско-катарските нафтени магнати во своите „дебитански“ настапи на најскапиот пазар во светот на спортот.

Заклучокот е едноставен – ниту еден сопственик никогаш не потрошил толку пари на стартот на својата сопственичка ера колку што Јохгхонг Ли! Секако, треба да се земе во преглед дека цените на фудбалската мапа драстично се променија од моментот кога Роман Абрамовиќ го проби ледот (далечната 2003. година, кога го купи Челзи) до денес. И тоа во смисла дека денеска даваат огромни пари за секакви играчи.

Затоа по ова лето ќе остане запишано дека Јохгхонг Ли е на врвот на табелата и дека го надмина токму споменатиот Абрамовиќ, кој далечната 2003. година потроши астрономски 167.500.000 евра. Најголемото купување на Роман во тој трансфер период беше Демиен Даф, кога на Блекбурн му плати 24.500.000 евра. Исто така го доведе и Ернан Креспо од Интер за 24.200.000 евра и Хуан Себастијан Верон, кој беше платен на Манчестер Јунајтед 21,500.000 евра.

Третата позиција на оваа листа го завзема сопственикот на Монако, Димитри Риболовев, кој летото 2013. година потропи 160,700,000 евра, а најголемиот дел на парите заминаа во доведувањето на Хамес Родригез од Порто за 45 милиони евра. Потоа Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид за 43 милиони евра и на крајот Жоао Мутињо за 25 милиони евра.

Следниот на листата е сопственикот на Интер, Занг Жиндонг со неговата минатогодишна инвестиција од 157.800.000 евра. Потсетуваме дека 40 милиони евра беа потрошени за Жоао Марија од Спортинг, а потоа неверојатни 30 милиони евра за Габиогол, додека за Антонио Кандрева на Лацио беа платени 22 милиони евра.

Потоа следи милијардерот од Сити, Мансур бин Зајед Ал Нахјан и неговите ужасни грешки. Од 43 милиони за Робињо, преку 24 милиони за Жо, до 18 милиони евра за Најџел Де Јонг, каде што тука се покажа како најголемо засилување. Сепак, добар дел од вината оди и на тогашниот тренер, Марк Хјуз.

Следен е првиот човек на Валенсија, Питер Лим, кој пред две лета го превзеде кормилото на „лилјаците“ и потоа даде 33 милиони евра за Родриго, потоа 28 милиони за Алваро Негредо, па уште 22 милиони евра за Ајмен Абденур.

Интересно, дури сега дојдовме до сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој во 2011 година потроши 107.100.000 евра. Тогаш најмногу пари отидоја на купувањето на Хавиер Пасторе (42 милиони евра), додека Тиаго Мота и Кевин Гамеиро беа платени за нешто повеќе од по 11 милиони евра.

Она што е, исто така, интересно во неверојатните изданија на Милан на трансфер пазарот е дека ова убедливо е најголемата инвестиција на еден италијански клуб во историјата на фудбалот. „Росонерите“ го надминаа походот на Јуве од минатата година, кога изнесуваше 214 милиони евра, кој беше зачинет со купувањето на Гонзало Игуаин од Наполи за 90 милиони евра. Потсетуваме, Милан се уште ја чека својата бомба за крајот, а тоа би можело да биде и Пјер-Емерик Обамејанг, Андреа Белоти или Алваро Мората. Засега голгетерот на Реал е најблиску до потпис.

И не само дека Милан е италијански клуб со најмногу издвоени пари во еден трансфер период, туку е веќе извесно дека со купување на „деветка“ ќе ги прескокне Реал Мадрид и Манчестер Сити на вечната листа на тимови со најмногу вложени пари во еден транфер период. И тоа Реал од 2013. година – кога беа потрошени 231 милиони евра и тогаш беа доведени Герет Бејл за 101 милион евра, Иско за 30 милиони и Илараменди за 32 милиони евра, односно Манчестер Сити од два периоди – летото 2015. и 2016. година. Прво беа потрошени од 239 милиони евра, потоа уште дополнителни 237 милиони евра. Првиот пат кога беше Мануел Пелегрини на клупата, потоа и во првата година на Пеп Гвардиола.

Сепак, на првата позиција и понатаму останува Реал Мадрид со невидената инвестиција на Флорентино Перез летото 2009. година и тешко повторливите 368 милиони евра. Потсетуваме, тоа беше летото на транферот на Кристиано Роналдо од Манчестер Јунајтед за 94 милиони евра, потоа Чаби Алонсо од Ливерпул за 40 милиони евра, Карим Бензема од Лион за 35 милиони, Кака од Милан за 65 милиони евра…

Тоа беше издание кое тешко ќе се повтори во блиска иднина, Но, и овој поход на Милан долго време ќе се памети. Без оглед на тоа каква сезона ќе биде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Звезда го налути Вучиќ со изјавата по натпреварот со Интер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ следи што се случува со спортот во неговата земја…