Дома Фудбал Италија Пиоли: Пред една недела сите зборуваа дека сме мртви

Пиоли: Пред една недела сите зборуваа дека сме мртви

Милан синоќа го декласира Торино на гостувањето со 0:7 и сега е само на чекор до пласман од Лигата на шампиони.

Пред само три дена „росонерите“ остварија и голема победа против Јувентус, па Пиоли потсети на критиките кон неговиот тим до пред само една недела.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Имавме две тешки гостувања и се претставивме одлично. Тимот даде важен сигнал. Се уште ништо не е готово бидејќи ни треба уште една победа, па сите мислиме на следниот меч“, изјави Пиоли.

„До пред само една недела сите зборуваа дека Милан е скоро мртов, а сега судбината е во наши раце. Имаме максимална поддршка од раководството и атмосферата во Миланело е перфетна. Ние сме многу млад тим, но покажавме дека сме многу силни на психолошки план“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Панчев: Јас имам две мајки – првата е Македонија, втората Србија 🎥

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев беше гостин во Белград каде што присуствуваше…