Андреа Пирло нема да ја води екипата на Јувентус во наредната сезона и готово сигурно ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.
„Старата дама“ е во потрага по нов тренер, а изминатите денови се шпекулираше со евентуално враќање на Макс Алегри во Торино.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека во најтесна конкуренција е и Синиша Михајловиќ.
Српскиот тренер е спремен да ја напушти Болоња со која лесно избори опстанок во Серија А, а Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Михајловиќ има големо искуство во италијанскиот фудбал, а во минатото беше тренер и на Милан.