Дома Фудбал Италија Тешки денови пред Интер: Клубот бара од играчите да се откажат од платите

Тешки денови пред Интер: Клубот бара од играчите да се откажат од платите

Интер после повеќе од една деценија ја освои шампионската титула, но финансиската ситуација во клубот е катастрофална.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ во текот на целата година имаа проблем со исплаќање на платите, а сега од раководството на клубот потврдија дека ситуацијата е критична.

Генералниот директор Бепе Марота истакна дека наскоро ќе има средби со играчите и ќе побара од нив финансиски одрекувања за да може клубот да се спаси од банкрот.

Италијанските медиуми открија дека Интер ќе бара од играчите да се откажат од тримесечни плати од оваа сезона кои не му се исплатени, па така клубот ќе заштеди повеќе од 30 милиони евра.

Другата опција е да се ревидираат договорите така што платата на фудбалерите да се намали за одеден процент. Наводно играчите не се согласуваат со ваквите предлози.

Се погласни се шпекулациите дека тренерот Антонио Конте ќе си замине по завршување на сезоната, а неколку од ѕвездите би можеле да заминат со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…