Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека го раскинала договорот со селекторот женската ракометна репрезентација, Симе Симовски.
Македонија не успеа да избори учество на Светското првенство поради поразот во баражот од квалификациите против Романија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции.Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година.Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции“, соопштија од РФМ.