Дома Фудбал Англија Солскјер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Солскјер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Норвешкиот стратег, Оле Гунер Солскјер најверојатно ќе го води Манчестер Јунајтед и после 2022 година, до кога му истекува актуелниот договор.

Како што пренесува „ЕСПН“, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се задоволни од неговата работа и се спремни да му понудат продолжување на соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката е веќе донесена и на Солскјер ќе му биде понуден нов договор, без разлика дали сезоната ќе ја заврши со освоен трофеј.

Актуелниот договор на Солскјер истекува во јуни 2022 година, а не се познати финансиските детали од новиот договор.

Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на 3-то место на табелата, а оваа сезона се второпласирани во Премиер лигата и се во четвртфиналето од Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…