Дома Македонски спорт Мак фудбал Кочо Анѓушев го исполни барањето на ветераните, им го предава Борец

Кочо Анѓушев го исполни барањето на ветераните, им го предава Борец

Кочо Анѓушев се повлече од ФК Борец, а клубот ќе го превземат ветераните.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барањата на ветераните се остварија, Анѓушев ќе им го предаде Борец без никакви услови и долгови, а тие ќе се обидат да најдат начин клубот нормално да функционира.

„Имавме состанок со господинот Кочо Анѓушев и постигнавме договор да ни го предаде клбуот и сме му многу благодарни за се што направи досега. Веќе денес ќе ги информираме играчите дека тренажниот процес продолжува нормални и се прават напори да се обезбедат услови за нормално функционирање“, изјави Марјан Нацев кој вќе биде новиот претседател на акционерското друштво.

Се очекува со новиот ваучер кој клубот треба да го добие да се обезбеди финансиски барем до крајот на сезоната. Засега не е јаснп што ќе се случува после мај кога ќе требаат нови пари за клубот да работи нормално.

Инаку, клубот веќе го напушти хрватскиот напаѓач Никола Прелчец кој потпиша за Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…